Арбен Бајрами и Карадаку ќе се борат за трофеј во футсал Купот на Македонија

Футсал тимовите на Арбен Бајрами и Карадаку утре во спортската сала Автокоманда во Скопје ќе ги одмерат силите во финалето од футсал Купот на Македонија.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Двете екипи ќе се борат за својот прв трофеј во натпреварувањето. Шкупи е последниот освојувач на пехарот во Купот на Македонија во футсал.
На патот до финалето, КМФ Арбен Бајрами во 1/8 финалето забележа победа од 3:2 против КМФ Астибо, во следното коло со убедливи 8:2 славеа против КМФ Железарец, додека во 1/2 финалето беа подобри од актуелниот првак, Шкупи со 9:8.
Карадаку во 1/8 финалниот меч го победи Црешово топче со 7:3, а славеше со 7:2 против Велес со дуелот од четврфиналето. Убедлива победа остварија во дуелот против Шкендија, 9:4 во полуфиналето.
Финалето е закажано во 21:00 часот.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“