
Интересен и возбудлив натпревар се одигра меѓу екипите на Велес и Арбен Бајрами од 13. коло од Првата футсал лига, во кој гостите запишаа победа од 3:4.
Резултатот го отворија домаќините со гол на Илијоски во 3. минута од натпреварот, а само две минути подоцна Омеровиќ ја погоди противничката мрежа за 1:1. Во 7. минута Калчев постигна гол за ново водство на Велес од 2:1, а во 11. минута Стојковски го израмни резултатот на 2:2. Пред крајот на првиот дел Рамадани донесе прво водство за Арбен Бајрами од 2:3.
Во вториот дел гостите играа подобро и во 29. минута зголемија на 2:4 со втор гол на Омеровиќ. Велес правеше притисок за брзо да се врати во игра, но голот падна доцна, односно на минута пред крајот на натпреварот, а стрелец беше Блажевски за конечни 3:4.
Правдата на дуелот ја делеше Исмаили Музафер, додека втор судија на мечот беше Мустафи Фатон.
Во следното коло Арбен Бајрами го игра големото дерби за прво место против лидерот Проект, додека Велес ќе гостува ќе гостување кај Мал Ајакс.