Европски ФудбалФудбал

Апсолутен феномен: Светот му се восхитува на Роналдо, за неговиот резултат на некои ќе им требаат „два животи“

Постигнувајќи два гола во победата на Манчестер Јунајтед против Арсенал (3:2), Кристијано Роналдо (36) стигна до неверојатна бројка од 801 гол во официјалните натпреварувања, што на никој во водечките лиги во светот не му успеа.

Не постои прецизна база на податоци за да се одреди најдобриот стрелец на сите времиња, но повеќето светски медиуми наведуваат дека Роналдо е првиот фудбалер кој ја преминал границата од 800.

Постои одредена дебата за неговиот статус на најдобар стрелец во историјата, бидејќи Бразилците Пеле и Ромарио постигнале над 1.000 голови, но статистичарите велат дека португалскиот напаѓач е на врвот на листата на официјалните натпревари.

Чесите тврдат дека Јозеф Бицан, кој настапувал во Чехословачка и Австрија, постигнал 821 гол, но тука се вклучени головите на резервниот тим и неофицијалните меѓународни натпревари.

Лионел Меси постигна 756 гола, од кои 80 за Аргентина, 672 за Барселона и четири за ПСЖ.

Треба само да седнете, да кажете „леле“ и да аплаудирате“, изјави легендарниот англиски напаѓач Алан Ширер.

„Многу е тешко да се стигне до врвот, но да се остане и таму. Тоа е едноставно феноменално тоа што го направи“, додаде тој.

Поранешниот напаѓач на француската репрезентација и Арсенал, Тиери Анри изјави дека ќе му бидат потребни „два животи“ за да го достигне рекордот на Роналдо.

„Тој е веројатно еден од најголемите играчи во историјата на фудбалот. Апсолутен феномен“, продолжи Гери Линекер со пофалби на Твитер.

Роналдо постигна пет гола за Споринг Лисабон, 101 за Јувентус, 130 за Манчестер Јунајтед, 450 за Реал Мадрид и 115 за Португалија.

Португалецот во кариерата има освоено вкупно 29 клупски трофеи, вклучувајќи пет Лига на шампиони – четири во дресот на Реал Мадрид и еден со Јунајтед.

“Неверојатно е тоа што го направи. Сите знаеме дека се подобрува од натпревар по натпревар, од година во година. Тој сака да остане најдобар и знае како да се мотивира”, изјави неговиот соиграч од Јунајтед и португалската репрезентација Бруно Фернандеш.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!