ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Антонио Каланоски ново засилување за Гостивар

Второлигашот Гостивар се засили со 28-годишното лево крило, Антонио Каланоски, кој доаѓа од редовите на актуелниот прволигашки шампион Шкупи.

Каланоски пред извесен период ја прекина соработката со Шкупи, па реши да се пресели во редовите на второлигашот Гостивар, со кого ќе води борба за влез во елитата.

Каланоски во Шкупи пристигна од редовите на Силекс, но по краток период се реши за прекин на соработката, бидејќи не успеа да се избори за место во тимот. Каланоски, кој ќе биде одлично засилување во нападот на Гостивар, во својата кариера има настапувано и за Беласица, Тетекс, Победа, Струга Трим Љум, Борец, Младост Царев Двор, Еуромилк ГЛ, Металург, Напредок од Кичево, Локомотива Бентоекспорт и Охрид, од каде и ја започна кариерата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!