Европски ФудбалФудбал

Антоан Гризман не сака да тренира со Барселона за да го забрза трансферот

„Кадена Копе“ пишува дека размената меѓу Атлетико и Барселона е се поблиску во која би учествувале Антоан Гризман и Саул Нигуез.

Се наведува дека Гризман не сака да тренира со Барселона, со цел да го забрза неговото враќање во редовите на Атлетико Мадрид.

Шпанските медиуми веќе некое време пишуваат дека Барселона и Атлетико Мадрид наскоро ќе ги разменат играчите. Играчот од средниот ред Нигез ќе им се приклучи на Каталонците, додека Гризман во спротивна насока.

Радио „Каталонија“ пишува дека сè е договорено, и дека Саул ќе заработува 12 милиони евра годишно во Барселона, а Гризман милион евра повеќе во Атлетико.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!