ЕУРО 2020ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Англија го има највредниот тим, колку вредат Хрватска и Македонија !?

Долго очекуваниот Европски шампионат започнува со вечерашниот натпревар помеѓу Турција и Италија (21 часот). Португалија ја брани титулата европски шампион, додека според обложувалниците најголеми шанси за новиот европски шампион имаат репрезентациите на Англија и Франција.

Според специјализираниот портал „Трансфермаркт“, двете селекции вредат над милијарда евра. Највредни се Англичаните, кои вредат 1,27 милијарди евра, додека Французите, кои го имаат најскапиот фудбалер во своите редови, Килијан Мбапе (160 милиони), тежат 1,03 милијарди. Кругот на петте највредни селекции го затвораат Германците во вредност од 936 милиони, Шпанците во вредност од 915 милиони и Португалија со тим вреден 872 милиони евра.

Следат Италија (751), Белгија (669,5), Холандија (607,05), а 9-та највредна репрезентација е Хрватска. „Ватрени“ вредат 376,80 милиони евра, додека Турција е во најскапите десет репрезентации (325). Македонија е претпоследна на списокот. Пандев и дружината тежат 61,80 милиони, додека Финците вредат најмалку 44,60 милиони.

Кога станува збор за фудбалери, најскап е Мбапе, чија вредност се проценува на 160 милиони евра. Следува Хари Кејн кој вреди 120 милиони, Јадон Санчо 20 милиони помалку, како и белгиското дуо Лукаку – Де Бруин.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!