Европски ФудбалФудбал

Англичаните го укинуваат ограничувањето на стадионите

Веста на денот доаѓа од Англија каде од 19 јули нема да има ограничувања на трибините од стадиони низ целата земја.

Имено, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, рече дека спортските стадиони и настани нема да имаат ограничувања на капацитетот, бидејќи од 19 јули сите ограничувања поради коронавирусот ќе бидат олеснети. Значи, нема да има повеќе социјално дистанцирање, ниту носење маски.

Ова значи дека следната сезона Премиер лигата ќе ја следиме со навивачи од трибините на стадионите. Нема да недостасува поддршка за тимовите кои се натпреваруваат во најсилната англиска лига, но и за пониските лиги на англискиот фудбал. Штета што мерките не стапија на сила веднаш, поради доаѓањето на странски навивачи на финалето на Европското првенство, кое се игра на „Вембли“.

Потсетуваме, поради ограничувањата за Ковид-19 кои се на сила до 19 јули, само Данците, Италијанците и Шпанците кои живеат во Англија ќе можат да влезат на стадионот во Лондон.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!