ФудбалФудбал - Македонска репрезентацијаФудбал - Останато

Ангеловски: Сѐ што кажа Пандев е вистина, македонската јавност сега да види под каков притисок ги водев двата клучни мечеви во баражите

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски во изјава за спортскиот портал „Спорт 1“ потврди тоа што го кажа Горан Пандев во интервјуто за „ТВ 24“ е вистина. Капитенот Пандев утрово во интервју за „Студио 10“ на телевизија 24 зборуваше за актуелните состојби во македонскиот фудбал, за репрезентацијата и распука по претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини. Исто така, Пандев откри дека Сејдини сакал да го смени Ангеловски пред двата клучни натпревари со Косово и Грузија за пласман на ЕП.

Селекторот Ангеловски во изјава за спортскиот портал „Спорт 1“ го потврди тоа што Горан Пандев го изјави во интервјуто за телевизија 24.

„Сѐ што кажа Пандев за мене и за тоа што го посочи е вистина! Може македонската јавност сега да види под каков притисок ги водев двата клучни мечеви во баражите (со Косово и со Грузија). Но, заедно со сите членови на А-тимот успеавме да го обезбедиме пласманот на Европското првенство и да го оствариме овој историски успех на Македонија на чело со капитенот Горан Пандев. И тоа на радост на сите во Македонија“, изјави Ангеловски за „Спорт 1“.

Целото интервју на Горан Пандев за телевизија 24 можете да го погледнете овде.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!