ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Ангеловски: Како што ветив и пред јавноста, националниот го ставив пред личниот интерес!

Македонија на Европското првенство ќе оди со посакуваниот селектор Игор Ангеловски, откако денес беше постигнат нов договор.

„Благодарност до претседателот на федерацијата и Управниот одбор за довербата. Не се сомневам дека репрезентацијата, како и досега, ќе ги има најдобрите услови за работа.

Ќе го вложам сиот свој потенцијал да возвратиме со добри игри и да ја продолжиме успешната резултатска низа. Како што ветив и пред јавноста, сѐ она што ми беше понудено во форма на договор го прифатив, а националниот го ставив пред личниот интерес. Благодарност до капитенот, фудбалерите од репрезентацијата и јавноста за поддршката.

Верувам дека сите заедно и сложно повторно ќе се радуваме на големи победи, а овој пат ќе славиме сите заедно низ улиците на нашиот град и нашата држава“, изјави селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски.

Македонија токму со Игор Ангеловски обезбеди прво учество на Европско првенство и со Ангеловски ќе одиме за прв пат на големото натпреварување.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!