ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Анѓелков и Јанев први зимски засилувања за Тиквеш

Второлигашот Тиквеш ги претстави првите зимски засилувања, во Кавадарци пристигнуваат голманот Александар Анѓелков и бекот Антонио Јанев. Двете засилувања во Тиквеш доаѓаат од редовите на второлигашот Росоман.

18-годишниот Јанев игра по левата бековска позиција, додека 27-годишниот голман Анѓелков во својата кариера има настапувано за Вардар Неготино, Марена, Тиквеш, Росоман, а во својата кариера настапуваше и за Блаубојрен и Рајнштетен во Германија.

Како што дознава Спортска Мрежа, договорени се уште 3 до 4 прволигашки засилувања и деновите ќе следува нивна промоција.

Претходно, Тиквеш за шеф на стручниот штаб го назначи Пане Блажевски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!