ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Анес Османовски, второ засилување за Работнички

Работнички го доведе второто ново име во пресрет на новата сезона. Анес Османовски е ново засилување за тимот на Александар Влахо. Тој денеска потпиша договор со Работнички и се приклучува на екипата.

Спортскиот директор Горан Станковски е задоволен што Османовски го прифати предизвикот да му пристапи на Работнички.

„Анес Османовски е квалитетен фудбалер од средниот ред кој ја минал германската фудбалска школа во Минхен 1860, а потоа и во Унтерахинг. Успеавме да постигнеме договор да ни се придружи и лично се надевам дека ќе донесе квалитет плус и ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот. И во наредниот период продолжуваме со активности на трансфер-пазарот во пресрет на новата сезона“, вели Горан Станковски.

Претходно, за Работнички потпиша и дефанзивецот Бојан Илиевски кој дојде од редовите на Пелистер.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!