РакометРакомет - Суперлига

Андреј Петковски е нов голман на Тинекс Пролет

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Андреј Петковски, е нов член на Тинекс Пролет откако денеска го потпиша договорот со третопласираниот тим од ланската сезона во мак-ракометот. Во договор со управата на Ракометниот клуб Голден Арт, имајќи во предвид дека тој се уште има валиден договор со оваа екипа, го комплетиравме трансферот на талентираниот чувар на мрежата од кого очекуваме да биде големо засилување за наредната сезона.

Петковски важи за еден од најперспективните млади голмани во Македонија, тој неодамна беше и дел од Б-репрезентацијата која одигра две контролни средби против селекцијата на Србија. Зад себе има одлична сезона во дресот на Голден Арт, што заедно со неговата младост и желбата за напредок беше доволен предуслов за Петковски да биде доведен во Тинекс Пролет, по заминувањето од клубот на искусниот Петар Ангелов.

Андреј Петковски е првото од неколкуте предвидени засилувања за наредната сезона, откако во изминатиот период беа потпишани нови договори со Ласко Андоновски, Дејан Пецаковски и со Давор Палевски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!