Европски ФудбалФудбал

Андреа Пирло преговара со Евертон, големи имиња се негова конкуренција!

Поранешниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло, може да ја продолжи својата тренерска кариера во англиската Премиер лига.

Според британските медиуми, Пирло започнал преговори со Евертон и така станал еден од кандидатите за клупата на англискиот клуб, а негови конкуренти се Нуно Еспирито Санто, Стивен Џерард, Рафаел Бенитез и Клаудио Раниери.

Тренерското место во Евертон стана испразнето откако Карло Анчелоти замина во Реал Мадрид.

Пирло доби отказ во Јувентус откако успеа да го освои само Купот на Италија и со многу тешкотии обезбеди пласман во ЛШ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!