Андов: Со Саса нè очекува тежок натпревар, но Осогово е спремен да ги освои трите бодови

Осогово денес ќе се соочи со екипата на Каменица Саса во рамки на 20. коло од Втората лига – Исток.
Традиционално дуелот помеѓу овие две екипи привлекува најголемо внимание во ВМФЛ – Исток, па така ќе биде и денес.
Голманот на Осогово, Матеј Андов вели дека Саса е незгоден противник и очекува тежок натпревар, но додава дека неговата екипа е спремна да ги освои трите бодови.
„Денес против тимот на Саса нè очекува тежок натпревар, тоа е еден незгоден противник кој од секогаш прикажувал добри игри против нашиот тим. Но ние не се предаваме и како и досега, спремни сме да ги освоиме трите бода. Нашата екипа е во одлична форма и до сега добро се подготвивме, а како загревање во почетокот на вториот дел од сезоната одигравме и одлични натпревари. Се надевам дека играчите ќе ги реализираат тактичките замисли на тренерот и ќе ги прикажеме во одлично издание на теренот. Добро ќе биде денес да победиме, е уште подобро и да сочуваме чиста мрежа“, изјави Андов.