ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Андов: Поминавме одлични 30-дневни припреми, за Осогово секој бод ќе биде важен до крајот на целта, главната цел е директен опстанок!

Осогово максимално подготовен го чека стартот на пролетната полусезона во Втората лига – Исток. „Жетварите“ пролетниот дел ќе го стартуваат на домашен терен со дуелот против Беласица.

>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ВАШИОТ РЕСТОРАН <<<

Спортска Мрежа разговараше со тренерот Александар Андов за подготовките, пролетните предизвици и цели на клубот, засилувањата, како и за првиот пролетен дуел против Беласица на „Никола Мантов“.

Андов вели дека е задоволен од зимските припреми на кои биле вклучени и младинци кои се светла иднина на клубот од Кочани.

„Поминавме одлични 30-дневни припреми кои во целост ги одработивме дома во Кочани, можам да бидам горд со залагањето и посветеноста на сите фудбалери од прв до последен и оние младинци кои беа вклучени во подготовките и светла иднина за клубот“, рече Андов.

„Жетварите“ во пролетниот дел влегуваат со цел за директен опстанок, а скромно ќе се напаѓа и петтото место на табелата.

„За нас како клуб секој бод ќе биде важен до крајот на сезоната главна цел ни е директен опстанок во Втора лига – Исток, но скромно ќе го напаѓаме и тоа петто место кое е само на 1 бод од нас во целост сме посветени и подготовени за секој натпревар што за нас ќе значи финале што значи нема сшедење нема калкулации. Осогово на снекој натпревар ќе оди на победа дали ќе успееме ќе покаже времето“, изјави тренерот на кочанскиот второлигаш.

Андов вели дека најголемото засилување е тоа што 70% од екипата е сочувана, а дополнително е засилена со осум нови играчи.

„Осогово 70% од ланската екипа ја задржа и тоа за мене е најголемото засилување, додека на позиции каде што заминаа одредени фудбалери донесовме адекватни замени со кои мислам дека ќе го кренеме нивото уште едно скалило нагоре. Фудбалери кои ги донесовме се: Мареј Андов (голман), Јован Дојчинов и Мусли Лика (напад), Кристијан Ристовски и Ненад Тодоровски (среден ред), Хасан Шумер и Антонио Поповски (одбрана) и во последен момент одамнешна желба ни беше и успеавме даго донесеме Александар Пановски“, раскажува Андов за Спортска Мрежа.

Победничката фотографија од соблекувалната на Осогово

Осогово пролетната полусезона ја отвара против Беласица на домашен терен, а Андов вели дека иако на првиот дуел во Струмица беа подобори, сепак ги очекува тежок и неизвесен натпревар, додава дека Осогово на овој натпревар ќе влезе со психолошка предност.

„Како што кажав ќе немаме респект према никого поготово на домашен терен и на секој натпревар ќе одиме на пбоеда. Беласица е екипа со која добро се познаваме и иако победивме во Струмица овој натпревар ќе биде тежок и неизвесен. Но, мислма дека ние ќе влеземе со психолошка предност бидејќи ние нема што да изгубиме, а за нив секој изгубен бод значи чекор подалеку од нивната цел – враќање во прволигашкото друштво, така да ние ќе бидеме психолошки растерените и тоа ќе биде наша мала предност“, завршува младиот тренер.

Веќе викендот стартува пролетната полусезона од Втората лига – Исток, а Осогово во првиот пролетен натпревар ќе биде домаќин на Беласица.

>>> СПОРТСКА МРЕЖА Е ЕДИНСТВЕНИОТ СПОРТСКИ ПОРТАЛ ВО МАКЕДОНИЈА КОЈ ЈА РАБОТИ ТРЕТАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ГЛАСАJTE ЗА СПОРТСКА МРЕЖА ЗА НАЈДОБАР СПОРТСКИ САЈТ НА ГОДИНАТА <<<

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!