ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Андов: Одиме на победа против Пехчево и повторно да ги израдуваме нашите навивачи и верните „Сејмени“

Осогово по 19 одиграни кола во Втората лига – Исток се зацврсти на петото место и пополека прави сериозен исчекор кон математички опстанок во второлигашкото друштво за следната сезона.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Екипата од Кочани предводена од Александар Андов направи една серија позитивни резултати со која „жетварите“ се искачи на петото место и се зацврстија на истото. Со ваква позитивна серија ќе влезат и на дуелот против Пехчево на домашен терен в недела. Во изјава за Спортска Мрежа, тренерот Андов вели дека Осогово на домашен терен нема респект кон никого и силно атакуваат на трите бодови.

„Влеговме во позитивна серија од две победи и една нерешена средба благодарение на моите играчи кои од прв до последен го даваат максимумот на секој натпревар и се како едно семејство, таа позитивна енергија се пренесува и на теренот и се надевам дека серијата ќе продолжи и во наредното коло со екипата на Пехчево. На домашен терен немаме респект кон никого бидејќи иако сме на петото место сакаме да го задржима тоа пето место и да растеме како екипа од натпревар во натпревар и математички да го избориме опстанокот. Инаку има мали сегменти каде што треба да се поправиме, работиме напорно на тоа да бидеме уште подобри“, раскажува Андов и додава:

„За натпреварот со Пехчево се подготвуваме максимално и мислиме само на нашата игра и да го задржиме победничкиот ритам и успешната серија да продолжи, од играчите кои не играа на последниот натпревар и не беа во комбинација со Локомотива се враќаат тројца фудбалери и се надевам дека ќе бидеме комплетни за натпреварот со Пехчево. Инаку, нормално секоја екипа игра за да победи така и Пехчево ќе игра за да победи имаат добар тим спој на младост и искуство со нов млад надежен шеф на стручен штаб кој допрва ќе се докажува. Победата таму од 0:1 нема да не залажува напротив ќе не мотивира да изиграме уште подобар натпревар и да ги израдувме навивачите кој на секој натпревар се нашиот 12-ти играч поготово навивачката група „Сејмени“, ни изјави тренерот на Осогово.

ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!