Андов: Ќе се бориме до последната минута против Беласица за позитивен резултат!

Утре на „Никола Мантов“ во Кочани силите ќе ги одмерат Осогово и Беласица во меч од 22. коло на Втората лига – Исток. Меч од резултатска важност и за двете екипи. „Жетварите“ сакаат триумф за сигурен опстанок, а пак струмичани за освојување на врвот и директен пласман во Првата лига.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Во изјава за Спортска Мрежа тренерот на Осогово, Александар Андов вели дека до последната минута ќе се борат против Беласица за позитивен резултат, а ветер во грб за екипата ќе биде публиката.
„Играме со екипа која се бори за директен пласман во Прва лига и сме свесни за тоа, сепак мислам дека ќе биде еден тврд и тежок натпревар за разлика од првиот кој го игравме со екипата на Беласица на домашен терен. И на овој натпревар и двете екипи ќе бараме победа, а се надевам дека ние ќе бидеме тие кои ќе се радуваме. За разлика од натпреварот со Саса во Македонска Каменица каде ни фалеа четири играчи сега имаме двајца кои се враќаат и двајца кои се по знак прашалник дали ќе можат 45 или 90 минути. Но, за тоа утре ќе одлучиме заедно со нашиот медицински тим. Ние ќе дадеме максимум од нас ќе се бориме до последната минута од натпреварот и се надевам дека тоа ќе биде доволно за позитивен резултат. Се на се мое мислење е дека љуботелите на фудбалот ќе проследат еден доста рамноправен натпревар. Играме дома на домашен терен имаме прекрасна публика која секогаш не бодри и се надевам дека и тоа утре ќе ни даде дополнителна сила и мотив да изиграме најдобро што можеме и знаеме“, ни изјави Андов.
Мечот стартува во 16:00 часот, а правдата ќе ја дели Никола Иванов од Велес.
Туристичка огласна платформа – Котва.МК ПРОМОЦИЈА НА ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ
Еден Коментар