РакометРакомет - Суперлига
Андон Бошковски повеќе не е тренер на Тинекс Пролет

Ракометниот клуб Тинекс Пролет ја информира јавноста дека спогодбено ја прекинува соработката со шефот на стручниот штаб на првата екипа, Андон Бошковски.
„Причина за ваквиот потег е серијата слаби игри што кулминираше со трите порази во низа во Суперлигата. На последниот состанок одржан во текот на денешниот ден заеднички со тренерот одлучивме дека најдобро за клубот е да ја прекинеме соработката“, велат од Тинекс Пролет.
„Тинекс Пролет му се заблагодарува на Бошковски за сработеното во изминатиот период и му посакува многу среќа во идните ангажмани.“