РакометРакомет - Суперлига
Андон Бошковски е новиот тренер на Радовиш

Суперлигашот Радовиш од денес го презеде Андон Бошковски кој ќе има задача да обезбеди опстанок во Супер лигата.
Тренерската смена доаѓа после трите порази на радовишани во плеј-аутот од Супер лигата. Како што информиравме претходно, Љупче Мијалов си поднесе оставка веднаш после поразот во Прилеп.
Бошковски последно беше во Голден Арт КЛ7, а вечерва го имаше и првиот тренинг со новата екипата и ги запозна играчи.
Спортска Мрежа веќе информираше дека засега не е познато дали Мијалов ќе остане во клубот и ќе биде дел од стручниот штаб, но наскоро се очекува и ова прашање во клубот да биде заокружено со позитивен исход.
Бошковски ќе дебитира веќе викендот кога во СРЦ „25 мај“ се игра големото дерби против лидерот Тиквеш.