Анџелоти: Бензема е мирен, фокусиран е на својата работа

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека Карим Бензема е мирен по пресудата што му беше изречена во средата.
Францускиот фудбалер е прогласен за виновен за обид за уценување на поранешниот репрезентативен колега Метју Валбуена. Во средата тој беше осуден на условна затворска казна од една година и парична казна од 75.000 евра.
Истиот ден Реал го победи Шерифот (0:3) во Лигата на шампионите и обезбеди пласман во нокаут фазата. Бензема погоди во 55. минута.
„Не морав да разговарам со него за тоа. Карим е мирен“, изјави Анџелоти.
„Тоа е нешто што се случило во минатото. Беше фокусиран на играта, на тимот. Тој е целосно фокусиран на својата работа. И играше многу добро“.
Бензема зад себе има одлична година и важи за еден од фаворитите за освојување на Златната топка која му се доделува на најдобриот светски фудбалер.