Европски ФудбалФудбал

Анчелоти во Реал ќе заработува двојно помалку од Зидан

Карло Анчелоти по шест години се врати во мадридски Реал, каде го наследи Зинедин Зидан.

Таму, еден од најтрофејните тренери во историјата ќе заработи половина помалку од неговиот претходник, кој му беше тренер и кој му беше асистент во првиот мандат во Реал (2013-2015).

За Анчелоти, Лигата на шампионите со Реал во 2014 година беше трета европска титула во неговата тренерска кариера откако ги освои претходните две со Милан. Тој исто така ги водеше Јувентус, Челзи, ПСЖ, Баерн, Наполи и Евертон.

Сепак, Фабрисио Романо открива дека ќе заработува само 6 милиони евра по сезона во Реал, што е за два милиони евра помалку од платата што ја прими за истиот период во Евертон и дури половина од годишната заработувачка на Зинедин Зидан во Реал.

Французинот таму добиваше 12 милиони евра по сезона, а Анчелоти испадна од списокот на десетте најплатени тренери во светот со тоа што се согласи на големо намалување на платата во Реал.

На врвот на таа листа е Диего Симеоне, кој заработува 24 милиони евра по сезона во градскиот ривал на Реал, Атлетико, или дури четири пати повеќе од Анчелоти.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!