Европски ФудбалФудбал

Анчелоти: Мбапе и Халанд ? Знам дека Флорентино Перез планира огромни зделки во јули

Шпанските медиуми истакнуваат дека Реал Мадрид на лето ќе направи се за да ги пар Мбапе и Халанд и дека тие се примарна цел на кралевите.

Со сите медиумски наслови за можни трансфери, Карло Анчелоти денеска навести дека Флорентино Перез во јули би можел да заврши неколку големи зделки за Мадрид.

„За една година, на крајот на 2022 година, новиот „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде готов, а Флорентино Перез планира огромни зделки во јули. Мбапе и Халанд ? Ајде да зборуваме за тоа подоцна“, рече Анчелоти со насмевка.

Доколку во Реал дојдат Халанд и Мбапе, заедно со искусниот Бензема, нападот ќе има премногу „гужва“. Иако Анчелоти има голема доверба во Бразилецот Винисиус, прашање е како тој ќе добие место покрај ваква конкуренција.

Во приказната се вклучи ПСЖ, кој е заинтересиран да го доведе Винисиус и му нуди многу поголема плата од таа што ја има во Мадрид.

Карло Анчелоти добро го води тимот и „Кралевите“ моментално се на првото место во Ла Лига, а во случај на доаѓање на овие двајца, Италијанецот би имал на располагање тешка артилерија во нападот, дури и во случај Винисиус да го напушти тим.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!