Европски ФудбалФудбал

Анчелоти ја шокираше јавноста: Донесе нова одлука за Бејл

Новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, неодамна за шпанските медиуми изјави дека е подготвен да му даде уште една шанса на Герет Бејл во редовите на шпанскиот великан.

“Герет не играше многу во Премиер лигата, но постигна голови. Тој беше ефикасен на последните натпревари од сезоната кога играше постојано. Го познавам добро. Ако е мотивиран, може да има одлична сезона, не се сомневам во тоа “, рече Анчелоти.

Пристигнувајќи на „Сантијао Бернабеу“, Италијанецот се соочи со големи предизвици. Кристијано Роналдо веќе долго време не е дел од Реал Мадрид, а некои од најважните играчи на тимот влегуваат во доцните години на играње. Лука Модриќ и Серхио Рамос имаат по 35 години, Карим Бензема и Марсело имаат по 33 години, а Тони Крос има 31 година.

Исто така, судбината на Рамос во Реал е неизвесна, бидејќи капитенот на шпанскиот клуб се уште нема потпишано нов договор, а неговиот сегашен истекува на крајот на овој месец, додека Еден Азар минатата сезона често беше надвор од терените поради повреда, па останува да видиме во каква состојба ќе се појави во подготовките за новата сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!