Европски ФудбалФудбал

Американците купуваат во Англија, Џејми Варди во Америка

Напаѓачот на Лестер и еден од најдобрите стрелци на головите во Премиер лигата, Џејми Варди, стана ко-сопственик на американскиот клуб Рочестер Рисос.

Поранешниот репрезентативец на Англија купи „малцински удел“ во клуб со седиште во Њујорк. Рочестер Рисос не играше натпреварувачки натпревар во последните четири години по паузата во потрагата по дополнителни средства.

Планот е Рочестер Рисос следната сезона да се натпреварува во американската трета лига.

Од клубот од Њујорк велат дека се воодушевени што Варди стана косопственик.

„Напаѓачот на Лестер Сити купи малцински пакет акции и е возбуден од можноста да биде дел од патувањето што ги носи „носорозите“ и Рочестер на фудбалската мапа по четиригодишна пауза. Ова е огромна работа за „носорозите“ во Рочестер. Џејми е познат во фудбалскиот свет, пресреќни сме што реши да ни се придружи како сосопственик. Се надеваме дека оваа фантастична вест ќе им даде на сите што се поврзани со клубот верување дека ни претстојат убави периоди“, стои во соопштението на клубот.

Џејми Варди има 34 години, а следната сезона ќе му биде јубилејна десетта во дресот на Лестер Сити. Дресот на репрезентацијата на Англија го носеше 24 пати и постигна седум погодоци.

„Носорозите“ се единствениот фудбалски клуб кој не е член на елитниот ранг, и го освои Купот на Отвореното првенство на САД.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!