Европски ФудбалФудбал

Американски новинар тврди: Инсиње ги договорил условите со новиот клуб, заминува од Европа

Деновиве во Италија се почесто може да се слушне како Лоренцо Инсиње ја игра последната сезона во Наполи.

Она што секако изненадува е изборот на новиот клуб на легендата на Наполи, кој има 30 години и кој може да понуди многу повеќе во фудбалот.

Инсиње на лето ќе стане слободен играч, а Мајкл Синг, новинар кој пишува за официјалниот сајт на американската МЛС лига, објави дека 30-годишниот Италијанец договорил се со Торонто каде треба да заработи околу 11 милиони евра во следните пет години плус бонуси, што е многу повеќе од три и пол милиони што му ги нуди Наполи во новиот договор.

Од 2010 година кога почна да го носи дресот на Наполи, до денес (беше на неколку позајмици) постигна 114 голови и забележа 91 асистенција.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!