ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Амбициозниот Вардар Неготино со убедлив триумф над прилепска Победа (ФОТО)

Третолигашот Вардар Неготино денес на Градскиот стадион во Неготино оствари убедлив триумф од 3:0 на контролниот натпревар со прилепска Победа.

Амбициозниот третолигашот одигра одличен натпревар со контрола над играта во текот на целиот натпревар. Избраниците на Никола Глигоров го отворија резултатот со два брзи гола за водство од 2:0, а стрелци беа Александар Трајков и Петар Најдов. Со овој резултат се замина и на полувреме.

Во вториот дел Вардар Неготино со погодокот на Ѓорѓи Шишков ги постави конечните 3:0.

Вардар Неготино во пролетниот дел ќе води борба за влез во Втората лига – Исток, додека Победа ќе се бори за опстанок во второлигашкото друштво.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!