ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Алпај Јусуф го засили Кадино

Младиот Алпај Јусуф својата кариера ја продолжува во второлигашот Кадино, а доаѓа од редовите на Кит Го од Пехчево.

22-годишниот играч за врска во Пехчево се задржа само една полусезона, а пролетната полусезона ќе ја помине во Кадино.

Во изјава за Спортска Мрежа, Јусуф вели дека со Кит Го имал договор за есенската полусезона, а во Кадино ќе ја помине пролетната полусезона. Добил неколку понуди од странство, но сепак се решил за понудата на искусниот тренер Никола Илиевски – Џиџи.

„Уште на почеток од есенската полусезона со Кит Го постигнав договор за една полусезона. Им поскаувам успех во понатамошниот дел од сезоната. Имав неколку понуди од Косово и Албанија, како и од неколку клубови од Македонија. Се одлучив за екипата на Кадино, бидејќи не сакав да ја пропуштам понудата која ја добив од Никола Илиевски – Џиџи, кој важи за еден од најдобрите тренери во нашата држава. Јас имам 22 години и сметам дека од овој искусен тренер ќе научам многу, а потоа сакам мојата кариера да ја продолжам надвор од Македонија“, вели Јусуф за Спортска Мрежа.

Во својата кариера Јусуф покрај Кит Го има настапувано и за прволигашот Силекс, Милано и Локомотива – Бентоекспорт.

Кадино есенскиот дел го заврши на седмото место со 15 бодови, а во пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Запад го очекува голема борба за сигурен опстанок во второлигашкото друштво.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!