ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Алпај Јусуф го напушти Кадино

Алпај Јусуф новата сезона ќе ја продолжи во нов клуб, откако по завршувањето на сезоната го напушти второлигашот Кадино.

23-годишниот играч за врска во Кадино се задржа само една полусезона, а во својата кариера покрај за Кадино има настапувано и за Кит Го од Пехчево, Силекс, Локомотива – Бентоекспорт и Милано.

Интерес за овој млад талентиран фудбалер има од Косово и од неколку прволигашки екипи од Македонија, а во периодот што следи Јусуф ќе одлучува која е најповолна понуда за него и каде ќе ја продолжи својата кариера.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!