Алити: Воска Спорт има сила, мотивирани сме од секој аспект за бодовите да останат во Охрид!

Денес во рамки на 4. коло од Втората македонска фудбалска лига на „Билјанини Извори“ во Охрид ќе се соочат непоразениот лидер Воска Спорт и Беса од Добри Дол.
22-годишниот играч на домаќините, Арлинд Алити вели дека Воска Спорт има сила, додава дека се мотивирани од секој аспект за бодовите да останат во Охрид.
ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА ПО ПРОМО НИСКИ ЦЕНИ, КОНТАКТ: 074 241 247
„Цела недела се подготвуваме за овој натпревар, бидејќи знаеме со каков тим се соочуваме. Тие имаат неколку по ред позитивни резултати, но ние сме максимално подготвени за натпреварот кој не очекува денес против екипата на Беса од Добри Дол. Имаме сила и мотивирани сме од секој аспект за бодовите да ги задржиме во Охрид и да ја продолжиме позитивната серија мечеви без пораз, која денес може да ја однесеме до 4 натпревари“, вели Алити пред денешниот натпревар против Беса од Добри Дол.
Натпреварот ќе започне во 16:00 часот, а главен судија на мечот ќе биде Доне Ристовски од Гевгелија.