Алиоски: Верувам во својот тим, во сабота одиме на победа против лидерот Слога 1934 од Виница

Братство од Житоше во сабота на Могила го очекува тежок натпревар против лидерот на табелата Слога 1943 од Виница. Овој натпревар ќе биде се или ништо за домаќинот кој води тешка борба за опстанок во второлигашкото друштво.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Легендата на клубот Музафер Алиоски за Спортска Мрежа вели дека верува во својот тим и дека во сабота на Могила ќе истрчат со единствена цел- победа и продолжување на борбата за опстанок. 29-годишниот фудбалер додава дека Братство ќе игра за себе и за опстанок, а не за фаворитите кои водат борба за директен влез во Прва лига и ги повика навивачите да дојдат на Могила и да бидат ветер во грб на мечот со Слога 1934.
„Верувам во својот тим и во сабота ќе излеземе на теренот во Могила со една цел- победа и ништо друго и со тоа продолжување на борбата за опстанок во Втората лига. Ги повикувам сите навивачи на клубот во сабота да дојдат и да ни дадат поддршка и заедно да ја славиме победата против лидерот Слога 1934 од Виница. Братство ќе игра за себе, за опстанок, а не за да им направи услуга на Победа, Беласица или пак Каменица Саса“, ни изјави Алиоски.
Натпреварот од 22. коло меѓу Братство од Житоше и Слога 1934 од Виница ќе стартува во 16:00 часот.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“