ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Алиоски: Со победа над Локомотива остануваме во игра за прво место, Братство 07 е подготвен за дербито!

Во недела се игра 13. коло од Третата лига – Југ со што ќе биде заокружен есенскиот дел од сезоната. Во Лажани се игра големо дерби меѓу екипите на Братство 07 и Локомотива од Градско. Притисокот за победа кај домаќините ќе биде голем, бидејќи со победа и три бодови ќе останат во сериозна трка за прво место и Втора лига, додека гостите од Градско играат одлична есен и на овој натпревар влегуваат силно мотивирани за победа.

Во изјава за Спортска Мрежа, капитенот на Братство 07, Музафер Алиоски вели дека овој натпревар за нив ќе биде доста важен, со цел да останат во игра за прво место.

„Дербито со Локомотива од Градско ќе биде натпревар да се биде или не, со победа остануваме во игра за првото место. Исто така и гостинската екипа атакува за пласман во Втора лига и во моментот се во одлична форма и во нивниот тим го имаат најдобриот играч во лигата Аделин Ќазимов. Ако ги погледнеме меѓусебните натпревари до сега имаме одиграно само еден натпревар во Градско кој заврши 1:1. Братство 07 е спремен сите играчи се тука, се враќа Белмин Кујовиќ кој беше суспендиран еден натпревар поради 5 жолти картони. Исто така, го имаме и Едис Зијадиќ кој одмараше против Питу Гули поради тоа што имаше 4 жолти картони и за да не ризикува за петиот жолт картон и да нема право на настап против Локомотива“, ни изјави капитенот Алиоски.

Натпреварот ќе започне во 13:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!