ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Алиоски: Со многу труд и напорна работа заедно со играчите, тренерот Муриќ и управата успеавме да испишиме историја за Братство!

Братство по вчерашниот триумф од 1:0 над Хоризонт од Турново во баражот обезбеди историска промоција во Втората македонска фудбалска лига. Капитенот на Братство, Музафер Алиоски, тренерот Ромер Муриќ, играчите и управата на клубот од Житоше цели 17 години напорно работеа и успеаја клубот да стигне до својата цел – пласман во повисок ранг на натпреварување.

Братство имаше одлична сезона во Третата лига – Југ и заврши на второто место, а преку баражот успеа конечно да ја оствари целта – историски пласман во Втора лига – Исток.

Капитенот Алиоски за Спортска Мрежа вели дека 17 години со многу труд и работа успеале да направат историја за нив и клубот од Житоше.

„Заедно со тренерот Ромер Муриќ, играчи и управата по 17 години труд, многу работа и искушенија, успеавме да ја исполниме целта и да направиме историја за сите нас, за клубот и за Житоше. Сите момци во екипата докажаа дека сме заслужено во Втора лига. Братство можеби нема голема историја и искуство, но успеаме да го победиме Хоризонт Турново, екипа која зад себе има историја, прволигашко искуство и Европски настапи“, ни изјави Алиоски.

Братство е последниот патник во Втората лига – Исток за следната сезона.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!