ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Ален Јашароски се раздели со Ренова

Екипата на Ренова се раздели со Ален Јашароски. 29-годишниот центрафор имаше договор на една сезона со тимот од Џепчиште, а сорабоатака не беше продолжена.

„Гипсарите“ соопштија дека се разделуваат со Јашароски и му посакуваат се најдобро во понатамошниот дел од кариерата.

Јашароски во дресот на Ренова одигра 32 натпревари, постигна осум гола и запиша две асистенции. Во својата кариера покрај за Ренова има настапувано и за Скопје, Хоризонт Турново, Еуромилк ГЛ, Работнички, Македонија ЃП, Шкупи и косовска Приштина.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!