Алексовски: Задоволни сме од постигнатите резултати, Кравари мисли на иднината, гради тим со кој ќе атакува на Втора лига!

Третолигашот Кравари одигра одлична есенска полусезона во Третата лига – Југозапад завршувајќи на делба на третото место со 22 освоени бодови, седум помалку од лидерот Воска од Охрид.
Спортска Мрежа разговраше со тренерот Јован Алексовски за есенската полусезона, постигнатите резултати, „костурот“ на екипата, засилувањата, пролетните предизвици и амбиции на клубот во иднина.
Алексовски вели дека е задоволен од постигнатите резултати, „костурот“ на екипата е сочуван и дополнително засилен со неколу квалитетни играчи за пролетната полусезона.
„Јас како тренер и целата управа е задоволна од прикажаната игра и од резултатите. Можеше и секогаш може повеќе, но сепак е задоволувачки оваа досега. Повеќе сме задоволни од играта, резултатите малку и заостанаа немајќи малку и спортска среќа. „Костурот“ на екипата е сочуван, тоа е „костур“ кој се гради со години во ФК Кравари. Заминаа неколку игрчи, меѓутоа направивме напори со управата и го задржавме „костурот“ на екипата вклучивајќи ги неколкуте поранешни прволигашки играчи, како капитенот и голман Апостоловски, потоа Грујовски, Атанасовски, Тасевски и Станковски, надополнети со млади играчи поминати низ фудбалските школи во Битола“, објасува тренерот и додава:
„Оваа полусезона екипата е надополнета со враќање на неколку поранешни играчи на ФК Кравари и тоа Ѓоргиевски и Марковски на стоперските позиции. Потоа ни се приклучија и двајца млади играчи од школата на Пелистер и тоа Стефановски, Шабани и Ендековски како и неколку други млади играчи од други фудбалски школи од Битола. Исто така, повратник во тимот е и поранешниот репрезентативец на Македонија, Сашо Лазаревски. Сакаме како клуб да го задржиме „костурот“ на екипата и со спој на поискусни играчи и млади да направиме тим за наредните сезони атакувајќи на првотото место и влез во Втората лига. Најдобриот стрелец во Третата лига – Југозапад е во нашите редови, станува збор за Фатон Таировски.“

Клубот има амбиции тековната сезона да ja заврши во врвот од Третата лига – Југозапад, додека за следната ќе биде атак на прво место и влез во Втората лига, но доколку се укаже шанса и во тековната сезона ќе се напаѓа првата позиција. Кравари ги стартуваше подготовките за пролетната полусезона, а клубот мисли и на иднината.
„Амбициите за оваа сезона се колку што можеме повеќе да останиме на врвот и да ги следиме водечките тимови и со евентуален нивен кикс да би можеле да се приклучиме кон врвот и првото место кое води кон Втората лига. Атмосферата во клубот е одлична“, вели Алексовски и додава:
„Благодарение на управата на тимот започнати се подготовките за пролетниот дел користејќи го стадионот на Кравари и на затворено во спортската сала со оглед на ниските температури. Да напомениме дека ФК Кравари гледа кон иднината и дека се започнува со изградба на нови соблекувални во склоп на стадионот во Кравари. Наредно е започнување на отворање на школи за младински категории под водство на тимот на тренери на познатото тренерко име Наум Љамчевски. Би сакал да се заблагодариме на сите фирми и поединци кои го помагаат клубот на било кој начин и на играчкиот кадар досега и понатаму. Овие резултати не би биле вакви какви што се ако не се некои луѓе во клубот и околу него кои постојатно го помагаат“, завршува тренерот.
Кравари пролетната полусезона ја отвара на гостински терен во Ресен против Преспа.