ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Алексовски: Во Кочани одигравме точно како што цела недела се договаравме, сега во ист ритам и против Кожуф

Еден од најдобрите фудбалери на Кит Го, Дарко Алексовски не го крие задоволството од победата на гостувањето против Осогово во Кочани изминатово коло во Втората лига – Исток.

Кит Го игра во одлична форма оваа пролет во континуитет одржувајќи висок ритам, што го потврди и во Кочани. Сето тоа како добар мотив и за престојниот натпревар против Кожуф кој во сабота се игра на домашен терен.

„Секогаш е тешко да се игра на Никола Мантов, но мислам дека победи искуството. Заслужено триумфиравме против Осогово во Кочани. Тие беа силно мотивирани, но смислено ги оставивме да играат на наша половина, па сето она што го работевме на тренинзите пред дуелот максимално го спроведовме на терен. Знаевме дека ќе постигнеме гол, само беше прашање на време. Сега целосно се фокусираме на натпреварот со Кожуф, уште еден тежок меч во кој очекуваме секако повторно позитивен резултат затоа што играме во добро препознатливиот ритам“ – вели Алексовски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!