ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Алексовски: Можеме да жалиме за пропуштените три бода со Вардар, а Кожуф не го потценуваме, но одиме на нова победа!

Детонит Плачковица дефинитивно е најпријатното изненадување во Втората македонска фудбалска лига. Откако на стартот од новата сезона радовишани забележаа високи победи на Беласица и Тетекс, минатото коло Детонит Плачковица одигра перфектен натпревар против Вардар и мораше да се задоволи со бод, откако ремизираше (1:1).

Голгетерот и големото засилување на радовишани, Дарко Алексовски за Спортска Мрежа вели дека жалат за пропуштените три бода против Вардар.

„Вардар добро и долго ќе се памети пред се по посетеноста како што велат постарите генерации после 30-35 години во Радовиш да има толку многу публика и да се организира еден спектакал, тоа беше празник на градот. Што се однесува до резултатот според мене е нереален во наша полза бидејќи има за што да жалиме. Имавме неискористени шанси, бевме подобри од Вардар, подобро организирани, знаевме што сакаме, кога ја имавме топката бевме конкретни, а тоа е плод на добро изработена недела и секако прекрасна атмосфера помеѓу нас играчите и управата која цело време веруваа во нас. Тоа што изиграме добро и што бевме мотивирани не смееме да се задоволеме и не смее да не залажува, бидејќи секој натпревар е приказна за себе“, вели Алексовски за натпреварот против Вардар.

Искусниот фудбалер на радовишани за Спортска Мрежа вели дека Кожуф иако тргна лошо, сепак тие нема да го потценат, додава дека Кожуф има искусен тренер и сигурно дека ќе се подготват максимално во меч каде под притисок, гевгеличани ќе бараат три бодови и прв сезонски триумф на домашен терен.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА – ВАШАТА РЕКЛАМА ОВДЕ, КОНТАКТ: 074 241 247

„Никако не смееме да го потцениме Кожуф, тие имаа тешко гостување од кај што имаа позитивен резултат, а тоа не е случајно. Игравме пријателска со Кожуф во Радовиш и ги победивме 4:1, таа пријателска не смее да не залажува. Кожуф после тој натпревар е сосема друг тим, тоа што имаат 1 бод не е мерило. Кожуф е претпознатлив по начинот на кој сакаат да играат фудбал, имаат искусен тренер и претпоставувам дека добро ќе бидат припремени за нашиот натпревар. Во Гевгелија одиме со цел да си дојдеме со позитивен резултат се подготвуваме тактички за Кожуф. Се надевам дека ќе имаме и ние наши шанси. Притисокот е секако на страната на Кожуф, играат дома пред нивната публика и секако мора да одат на 3 бода. Ние тоа можеме само да го искористеме доколку сме фокусирани 100 процентно“, изјави Алексовски за Спортска Мрежа за мечот со Кожуф.

Натпреварот се игра на Градскиот стадион во Гевгелија со почеток од 16:00 часот, а главен судија на мечот ќе биде Стојанче Стојанов од Штип.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!