ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Александар Васоски се враќа на клупата на Академија Пандев

Александар Васоски ја прифати понудата на Академија Пандев и се враќа повторно во струмичкиот прволигаш. По осум месеци од заминување од Струмица, Васоски беше на тренерското столче во Сараево.

Васоски на кормилото на Академија Пандев постигна одлични резултати, а тоа беше и главна причина струмичани да му испратат понуда до Васоски која беше прифатена од страна на полуларниот „тетовче“.

Васоски веќе од утре ја превзима клупата на Академија Пандев и ќе ги започне подготовките со екипата, бидејќи веќе викендот го очекува првиот натпревар со старо-новиот тим, гостување во Кавадарци кај Тиквеш.

По шест кола од новата сезона, Академија Пандев и Ѓорѓе Стојчев спогодбено се разделија. Академија Пандев има скор од две победи, едно реми и три порази, со вкупно 7 бодови се наоѓа на 5-тото место на табелата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!