РакометРакомет - Суперлига
Александар Стојаноски го напушта Јуниор Кисела Вода

Искусниот голман Александар Стојаноски повеќе нема да биде дел од ракометниот суперлигаш Јуниор Кисела Вода.
Како што дознава Спортска Мрежа, Стојаноски поради лични и приватни причини го напушта клубот од Кисела Вода.
„Од лични и приватни причини го напушта клубот. Јуниор Кисела Вода е одличен клуб и им посакувам да ги остварат своите цели, а тоа е опстанок во Суперлигата“, ни изјави Стојаноски.
Во својата кариера Стојаноски има настапувано за МАКС Струмица, Младост Богданци, Охрид, Струга и последно Јуниор Кисела Вода.
Еден Коментар