ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Aлександар Ристевски ново засилување за Работнички

Работнички ангажираше уште едно засилување за претстојната сезона. Ново име во составот на Александар Влахо е дефанзивецот Александар Ристевски, кој доаѓа од Струга Трим Лум и треба да ја засили конкуренцијaта во одбраната.

„Ристевски е искусен прволигашки фудбалер кој веруваме дека ќе донесе нов квалитет во одбраната на Работнички. Веруваме дека брзо ќе се вклопи во новата средина и му посакуваме да се наметне во дресот на Работнички“, изјави спортскиот директор Горан Станковски.

Работнички в среда ќе го одигра третиот пријателски натпревар во текот на летните подготовки, против Тиквеш во Кавадарци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!