ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Александар Ѓурковски останува во Тиквеш, потпиша едногодишен договор

Александар Ѓурковски и официјално стави потпис на едногодишен договор со Тиквеш. Тој е старо нов член на кавадаречкиот прволигаш, бидејќи минатата сезона беше на позајмица од шампионот Шкупи, а откако стана слободен играч, тој потпиша договор со Тиквеш.
Кавадаречкиот прволигаш подготовките за новата сезона ќе ги започне на 22. јуни на Градскиот стадион во Кавадарци.
„Со повеќе информации околу продолжувањата на договорите на нашите играчи и заминувањата на дел од нив ќе бидете известени во текот на следните денови“, велат од Тиквеш.