РакометРакомет - Суперлига

Александар Долдуров ја продолжи соработката со Радовиш на уште една сезона

Радовиш продолжува со градењето на тимот за следната сезона, екипата денес ја продолжи соработката со искусниот Александар Долдуров.

Левото крило со долг стаж во Радовиш минатата сезона беше еден од клучни играчи во борбата за опстанок на радовишани, кои и следната сезона остануваат во ракометната елита.

Претходно, Радовиш ја продолжи соработката со бековите Здравко Постолов и Ангелче Органџиев, а во екипата остануваат и двете крила Кристијан Ристов и Спасе Ѓоргиев.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!