ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Александар Андов е нов претседател на ОФС Кочани

Вчера се одржа Изборното Собрание на ОФС Кочани во „Мултикултурниот Центар“ каде за нов претседател беше избран Александар Андов.

За новиот претседател гласаа сите 19 присутни делегати, со што Андов добива мандат да го води ОФС Кочани во следните четири години. На седницата на Изборното Собрание беше одлучено Оливер Јовановски да биде потпретседател.

Управниот одбор ќе бори седум членови, а во него ќе учествуваат Александар Андов, Оливер Јовановски, Владо Андов, Сашко Ангелов, Марјан Јангеловски, Мите Бојаџиев и Ангелчо Гошев. За членови на Надзорниот Одбор се избрани Гоце Димитров, Столе Тошев и Бранко Богатинов.

На седницата на која присуствуваше и потпретседателот на Управниот одбор на ФФМ, Лазар Ракиџиев одлучено е ОФС Кочани во ФФМ да го претставува еден делегат, односно Александар Андов, а негов заменик да биде Оливер Јовановски.

Покрај Ракиџиев, беа присутни уште тројца претставници на ФФМ, Владимир Гашевски, Дрилон Ганиу и Никола Зердески.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!