ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Албанецот Рубин Хебај ново засилување на Шкендија

Есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Шкендија, денес во нападот се засили со Албанецот Рубин Хебај.

Фудбалерот од Албанија има 22 години, и игра на позицијата центарфор. Во Тетово доаѓа од екипата на Теута како замена за Валон Ахмеди.

Младинскиот репрезентативец на Албанија, во својата кариера има настапувано и за Ворскла, Домжале, Партизани и Влазнија.

Хебај потпиша договор на две ипол години.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!