Европски ФудбалФудбал

Ако не го донесат Кејн: Сити се свртува кон старата желба на Пеп Гвардиола ?

Хари Кејн е на врвот на списокот со желби на Манчестер Сити за летниот преоден рок, но прашање е дали „граѓаните“ ќе можат да го ангажираат англискиот напаѓач.

Првиот човек на Спарс, Даниел Леви се смета за многу тежок преговарач, па сè може да се распадне и Сити сега бара алтернатива.

Англиските медиуми пишуваат дека „граѓаните“ би можеле да се свртат кон Антоан Гризман, фудбалер на Барселона, кој е стара желба на Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стручњак го гледа Французинот како совршен избор на позицијата „лажна деветка“, а Гризман е подготвен да ја напушти Барселона, каде пристигна во 2019 година.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!