ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев загуби од Левски во Бугарија

Академија Пандев продолжува со пријателските натпревари во рамки на летните подготовки за европскиот предизвик и новата сезона од Прва лига и доживеа пораз на натпреварот против Левски со резултат од 1:3, кој се играше за трофејот „Георги Соколов“.

Бугарскиот тим на полувреме имаше водство од 0:2 со погодоците на Роналдо и Бари. Во 70. минута преку втор гол на Бари, бугарскиот тим имаше водство од убедливи 0:3. Во 82. минута Сашко Пандев постигна гол за струмичани и го ублажи поразот на конечните 1:3.

Академија Пандев во Бугарија се подготвува за европскито настап во Конференциската лига на УЕФА, каде во првото квалификациско коло ќе игра против Лехија Гдањск од Полска.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!