ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Академија Пандев во понеделник ќе се тестира на Ковид-19, во среда ќе „летне“ за Анталија

Академија Пандев од 8. јануари ги стартуваше подготовките за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига со новиот тренер Александар Васоски.
„Пандевци“ денес ја одиграа и првата контролка со велешки Борец која ја добија со 2:1 на СЦ „Пандев“ во Струмица.
Целата екипа и стручниот штаб во понеделник ќе биде тестирана на Ковид-19 и во среда ќе „летне“ за Анталија, Турција, каде ќе биде одработена главната фаза од подготовките и ќе бидат одиграни неколку пријателски натпревари.