ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Академија Пандев: Вчера банкрот, денес фузија, утре директно во групна фаза Лига на Шампиони?

Академија Пандев преку соопштение се огласи по повод гласнините кои кружат во медиумите околу повлекување на екипата од Првата македонска фудбалска лига, а потоа и за фузијата на второлигашот Беласица.

„Пандевци“ преку соопштението велат дека сите работи се неофицијални и не се вредни за коментар.

  • Целосното соопштение на Академија Пандев:

Вчера банкрот, денес фузија, утре директно во групна фаза Лига на Шампиони ?

Академија Пандев за точно четири денови по втор пат во својата 12-годишна историја ќе настапува во квалификациски меч од европските клубски натпреварувања. Ние сме целосно фокусирани за што подобра презентација на македонскиот фудбал против еден многу силен и сериозен противник, полскиот тим Легија Гданск. Клубот е сто проценти насочен кон исполнување на нашите идеи и визија, па секоја информација што е надвор од нашиот европски настап, изјавуваме дека е неофицијална и не е вредна за коментар.

ФК Академија Пандев АД Струмица

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!