ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Академија Пандев утре против Црвена Ѕвезда во Анталија

Македонскиот прволигаш Академија Пандев утре ќе одигра квалитетен контролен натпревар против Црвена Ѕвезда во рамки на подготовките во Анталија за пролентата полусезона.
„Пандевци“ ќе имаат можност утре да си ги одмерат силите со балканскиот гигант кој е еден од најуспешните клубови од овие простори.
Натпревар утре ќе биде пренесуван во живо на првиот канал на ТВ Арена Спорт со почеток од 15.00 часот по македонско време.