Академија Пандев триумфираше над Черно Море на пријателски меч

Академија Пандев го забележа првиот триумф во рамки на подготовките за европскиот предизвик, откако денес со 1:2 триумфираше над Черно Море.
Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро
„Пандевци“ се подготвуваат во Банско, Бугарија, а триумфиот доаѓа по поразот на првиот пријателски натпревар од косовски Балкани (1:6). Денешниот триумф струмичани го обезбедија со погодоците на Никола Шаркоски и Кристијан Велиновски, а пак за бугарскиот противник погоди Закариа Бенча за конечни 1:2.
За „пандевци“ следуваат уште два пријателски натпревари, против Левски и ЦСКА 1948.
Во првото квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА, Академија Пандев ќе игра против Легиа Гданск. Првиот меч се игра на 7. јули во Полска, а пак седум дена подоцна се игра реваншот во Македонија.