ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Академија Пандев со победа над Струга ТЛ конечно влезе во сигурната зона

Академија Пандев со минималната, но голема победа над Струга Трим Лум од 1:0 на домашен терен, конечно излез од опасната зона и струмичани конечно се на сигурно место на табелата.
Стрелец на едиствениот погодок на СЦ „Пандев“ беше Велиновски Кристијан кој погоди во 29. минута.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
„Пандевци“ сега се на осмото место на табелата со 28 бодови и конечно се на сигурно место на табелата, додека Струга останува на четвртото место со 34 бодови.
Во следното коло Академија Пандев ќе има тешко гостување кај Македонија Ѓорче Петров, додека Струга ќе биде домаќин на „фенерџијата“ Беласица.